
Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во повеќе делови ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Ветер до 50 километри на час
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Најсилен ветер се очекува долж Повардарието, каде што неговата брзина може да достигне до 50 километри на час.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 24 до 34 степени.
Во Скопје до 30 степени
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 18 до максимални 30 степени.
Промена на времето во среда
Во вторник ќе продолжи сончевото време со мала до умерена облачност и засилен северен ветер, кој долж Повардарието повторно може да достигне брзина од 50 километри на час.
Во среда попладне се очекува зголемена нестабилност, со услови за локален дожд и појава на грмежи.


