
Од опозициската партија тврдат дека извинувањето било изговорено пред речиси празна пленарна сала и дека било обид да се создаде привид оти премиерот ја признал одговорноста за случувањата.
СДСМ: Извинувањето не беше упатено до граѓаните
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Од СДСМ реагираат дека Мицкоски им се извинил на пратениците, но не и на граѓаните кои, според партијата, во изминатиот период биле цел на навредливи квалификации.
Тие оценуваат дека вистинско извинување би значело јавно признавање на грешката и преземање одговорност, а не само кратка порака по завршувањето на собраниската расправа.
Тензии за време на изборот на новите министри
Расправата за владината реконструкција беше прекината по жестоки вербални пресметки. Пратениците на СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците ја напуштија седницата, откако побараа извинување поради наводни навреди од новоизбраниот министер Иван Стоилковиќ.
Од СДСМ тврдеа дека навредите биле насочени кон нивните пратеници Фатмир Битиќи и Митко Трајчулески. Владејачкото мнозинство, пак, порача дека не одобрува однесување спротивно на Етичкиот кодекс и угледот на Собранието.
Мицкоски се извини пред гласањето
Во завршното обраќање, непосредно пред изборот на осумте нови министри, Мицкоски се извини за инцидентите и изрази надеж дека ваквите случувања нема да се повторат.
СДСМ смета дека тоа извинување било изнудено и недоволно. Од партијата порачаа дека граѓаните заслужуваат почит од премиерот, а не политички театар и дополнително продлабочување на поделбите.


