во ,

Риба без очи пронајдена во пештера: Мозокот ѝ се гледа низ кожата

Во темните пештери на Алабама научниците пронајдоа суштество без очи, без пигмент и со мозок што се гледа низ неговата проѕирна кожа.

Научници во пештерите во американската сојузна држава Алабама откриле досега непознат вид риба, за кој веруваат дека би можел да биде еден од најретките во светот, пренесува Си-ен-ен.

Супер Попуст -25%

Необичното суштество било забележано во пештерата Бобкет, во близина на градот Хантсвил. Истражувачот Метју Нимилер во пештерата барал загрозени видови пештерски ракчиња, но наместо нив наишол на риба каква што науката дотогаш не познавала.

Нема очи, а мозокот се гледа низ кожата

Новооткриената риба нема очи и пигмент, има грпка, бодликави перки и необичен облик на главата, различен од оној кај другите познати пештерски риби.

Највпечатлива е нејзината речиси целосно проѕирна кожа, под која јасно се забележува мозокот.

„Таквата проѕирност не е невообичаена. Обично ја гледаме кај помали риби кои живеат во отворени води“, изјавил Џонатан Армбрастер, кустос на одделот за риби во Природонаучниот музеј на Универзитетот Оберн.

Името го добила по чудовиште од „Stranger Things“

Поради изгледот што потсетува на суштество од научнофантастичен филм, рибата го добила научното име Demogorgonichthys arcanus.

Името е инспирирано од Демогоргон, чудовиштето од популарната серија на Нетфликс, „Stranger Things“.

Научниците извршиле компјутерска томографија, генетски тестирања и повеќе дополнителни анализи. Резултатите покажале дека рибата има скелетни карактеристики кои значително се разликуваат од другите видови пронајдени во истата пештера.

Нов род и нов вид за науката

Врз основа на добиените резултати, истражувачите утврдиле дека станува збор не само за нов вид, туку и за целосно нов род на пештерски риби.

Според студијата, откритието покажува дека непознати животински видови можат да се кријат дури и во области кои научниците веќе детално ги истражувале.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Психолог предупредува: AI може да ја ослабне комуникацијата во живо

Со векови била во мразот, сега живата масовно се ослободува