
Комбинираната заработка пред камати и даноци (EBIT) на овие компании се зголеми за речиси 16 отсто и достигна 52,6 милијарди евра. Ова е за околу 7 милијарди евра повеќе од претходната година и за 10 отсто над претходниот рекорд поставен во вториот квартал во 2024 година. Вкупните приходи се зголемија за 4,6 отсто до рекордни 463 милијарди евра, и покрај глобалните предизвици и трговските тензии.
Кој заработи најмногу, а кој бележи пад?
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Најголемата германска телекомуникациска компанија, „Дојче Телеком“, предничи по кварталната оперативна добивка со дури 6,9 милијарди евра. По неа следуваат осигурителот „Алијанц“ (4,9 милијарди евра), автомобилскиот производител „Фолксваген“ (3,5 милијарди евра) и индустриската групација „Сименс“ со 3,4 милијарди евра. Најсилен раст на добивката имаат фармацевтската групација „Баер“ и компанијата за недвижности „Воновиа“.
Растот е главно концентриран во секторите кои имаат корист од моменталните специфични услови, како што се одбраната, вештачката интелигенција, банките и осигурителните компании. Од друга страна, традиционалните индустрии сериозно се борат за опстанок. Приходите во автомобилскиот сектор паднаа за 1,2 отсто, а оперативната добивка се намали за дури 12 отсто. Најголем пад претрпе „BMW“ со намалување на EBIT од 39 отсто, додека „Фолксваген“ и „Дајмлер Трак“ забележаа пад од 9 отсто.
Илузија на успех: Над 40.000 изгубени работни места
„Секој што гледа само на рекордните бројки може да помисли дека кризата е завршена – но спротивното е точно. Присутна е слаба домашна побарувачка и кревки услови во делови од индустријата,“ предупредува управниот директор на „EY“ Германија, Хенрик Алерс.
Компаниите од DAX вработуваа околу 3,49 милиони луѓе на крајот на јуни, што претставува намалување за 1,2 отсто, односно 41.000 работни места помалку во однос на минатата година. Најголемиот дел од отпуштањата доаѓаат од автомобилскиот сектор кој се наоѓа во сериозна криза, додека одбранбените компании, како „Rheinmetall“, значително го прошириле својот кадар. Експертите од „EY“ стравуваат дека се многу веројатни дополнителни кратења на работните места во германската автоиндустрија.


