во

ПО ОХРИД, СЕ СТРЕСЕ И ГОСТИВАР: Втор земјотрес во Македонија за помалку од 24 часа!

Тлото во Македонија не мирува. Два земјотреси се регистрирани во државата во период пократок од 24 часа, откако по синоќешниот слаб потрес во Охридскиот Регион, попладнево се тресеше и Полошко.

Последниот земјотрес е регистриран денеска, 15 август, во 16:10 часот. Според официјалните податоци на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, неговиот епицентар бил на околу 47 километри југозападно од главниот град, во епицентралното подрачје Тетово–Гостивар.

Поплиток и посилен потрес кај Гостивар

Супер Попуст -25%

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) го лоцира епицентарот на околу осум километри северозападно од Гостивар, на многу мала длабочина од приближно три километри. Потресот со јачина од 2,5 степени според Рихтер беше почувствуван од жителите на Гостивар и околината.

Претходно се тресеше Охрид

„Ова е втор земјотрес регистриран на територијата на Македонија за нешто повеќе од 22 часа. Претходниот потрес беше евидентиран вчера, 14 август, во 18:08 часот во Охридскиот Регион, со локална магнитуда од 2 степени и на длабочина од околу 15 километри.“

Така, во краток период Македонија регистрира два послаби земјотреси во различни сеизмички подрачја – првиот во југозападниот дел на земјата, а вториот во Полошко. Денешниот потрес кај Гостивар бил нешто посилен и значително поплиток од охридскиот.

За среќа, во досега објавените информации нема податоци за предизвикана материјална штета или повредени лица при двата сеизмички настани.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЦРНА ГОРА ВО ПЛАМЕН: Пожари беснеат во пет општини, најкритично во Херцег Нови и Улцињ!

АНГЕЛОВ СРЕДЕ ПЕПЕЛИШТЕ: „Внимавајте, доволна е само една искра за вистинска катастрофа!“