
Според најновите информации од украинските власти, нападот бил изведен со комбинација на ракети и беспилотни летала. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, информираше дека остатоци од пресретнатите летала предизвикале пожар во ненаселена зона во северниот дел од градот, каде што биле опожарени и неколку автомобили, додека уште еден пожар избувнал јужно од самиот центар.
Расте бројот на повредени цивили
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Првичните информации од градската воена администрација укажуваа на само едно повредено лице, но ситуацијата на терен брзо се промени. Подоцнежните податоци покажаа дека бројот на повредени во самиот град Киев се зголемил на три.
„Во поширокиот регион на Киев, дополнително беа повредени уште три лица, меѓу кои и едно дете. На терен веднаш беа испратени итните служби за да се справат со пожарите и последиците од нападот,“ соопштуваат надлежните.
Експлозиите силно одекнувале во различни делови од градот, додека воздушните тревоги биле активирани двапати по 2 часот наутро. Секоја од тревогите траела околу половина час, период во кој жителите биле строго предупредени да останат во засолништата поради опасност од нови удари.
Континуиран притисок врз престолнината
Овој напад доаѓа во период кога руските воздушни удари врз Киев и другите украински градови значително се интензивираат. Во последните недели, украинската престолнина повеќепати беше цел на ракетни и дронски напади, оставајќи зад себе сериозна материјална штета и повредени цивили.


