
Организацијата на свадба денес за многу младенци значи не само радост, туку и сериозна пресметка со буџетот. Цените растат, а желбата гостите да бидат задоволни често ја претвора свадбената прослава во голем финансиски предизвик.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Токму затоа големо внимание на социјалните мрежи привлече фотографија од свадбено мени од поранешна Југославија. Станува збор за свечена вечера од 18 октомври 1969 година во Цриквеница.
Што се служело на свадба во 1969 година?
Вечерата била организирана во хотелот „Pavilions Riviera“, односно пансионот „Villa Danica“. Менито покажува дека храната била послужувана во повеќе последователни делови.
На почетокот гостите добиле ладно предјадење, а потоа говедска супа со домашни резанци. Следувала говедска шницла во црно вино, со ориз, компир и мешана салата.
На трпезата имало и разни домашни колачи и сезонско овошје, но тоа било само почетокот на богатата свадбена вечера.
Печење, пилешко, торта – и неизбежната сарма
Во продолжение биле послужени телешко и свинско печење, како и пилешко со пржени млади компири. На менито имало и вариво од грашок на виенски начин и зелена салата.
За крај следувале свадбена торта и црно кафе. Сепак, еден детал особено го привлече вниманието на корисниците на интернет – на дното од менито била наведена и сарма со кисела зелка.
Што пиеле гостите?
Изборот не бил мал ниту кога станувало збор за пијалаците. Гостите можеле да изберат бело вино од Хвар, различни аперитиви, Кокта, оранжада, минерална вода и сода-вода.
Фотографијата од старото мени предизвика бројни реакции на Reddit. „Храната звучи божествено“, „Како некогаш се јадело“ и „Кога ќе споредам со денешната храна на свадбите, ми се плаче“, се дел од коментарите што ги пренесуваат регионалните медиуми.
Други корисници, пак, сметаат дека понудата и не се разликува толку многу од класичните свадбени менија што и денес можат да се сретнат на Балканот.


