
Иако јавноста веруваше дека причината за неговото протерување е исклучиво одбивањето да се вакцинира против коронавирусот, Ѓоковиќ сега ги открива вистинските детали за настанот. „Деведесет и девет проценти од луѓето не ја знаат вистинската вистина. Мислат дека сум депортиран затоа што не сум бил вакциниран, но тоа не е точно. Ги исполнив условите бидејќи двапати прележав корона во тој период“, изјави Новак, додавајќи дека сè уште чувствува горчина за целиот случај.
Имиграциска драма и задни намери
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Српскиот тенисер детално го опиша моментот на пристигнувањето во Мелбурн, кога веднаш бил пресретнат од службеници за имиграција. Наместо да добие печат во пасошот, тој бил одведен во посебна имиграциска зона каде што бил задржан од 23 часот навечер до 9 часот наутро. Според него, одлуката за забрана за влез немала никаква врска со медицинските протоколи.
„Австралија имаше најстрог карантин. Не сакаа некој од мојот профил да влезе и да игра додека локалното население не можеше да ги напушти домовите. Сето тоа беше чиста политика, немаше никаква врска со медицината.“
Право на избор и слобода
Ѓоковиќ исто така откри дека уште две лица – играч и тренер – влегле во земјата врз основа на истото медицинско ослободување без никакви проблеми. Нагласувајќи дека не припаѓа ниту на антиваксерите ниту на проваксерите, тој потенцираше дека е исклучиво за слободата на избор. „Јас сум здрав спортист, имав заштита и не бев закана за никого. Правото да одлучуваш за сопственото тело е фундаментално човеково право“, заклучи тенискиот шампион.


