
Апсолутен рекорд на инциденти е забележан овој август, со неверојатни 3.926 регистрирани пожари. Најкритичните активни жаришта во моментов се наоѓаат на планината Столови, кај селото Луково во близина на Врање, како и на популарниот туристички центар Златибор. Началникот на Противпожарно-спасувачката единица на српското МВР, Недељко Гагиќ, информираше дека пожарот на Столови сè уште не е локализиран, но неговото ширење е забавено и покрај силниот ветер кој ја отежнува работата.
Руски авиони и европски тимови на терен
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Во гаснењето на пожарот во селото Луково, каде според локалниот штаб огнот зафатил и една куќа, активно учествува рускиот транспортен авион Ил-76. За само четири дена ангажман во Србија, овој моќен руски авион извршил 19 летови и исфрлил речиси 800 тони вода врз најпогодените подрачја, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Паралелно со ова, во местото Водице на Златибор избувнал нов пожар кој зафатил околу два хектари борова шума.
„Европската Унија во рок од 24 часа по добивањето на барањето обезбеди помош и испрати тимови. Очекуваме поддршката да продолжи не само во гаснењето, туку и во обновувањето и пошумувањето на погодените подрачја“, изјави Андреас фон Бекерат, шеф на Делегацијата на ЕУ во Србија.
Спречување на понатамошна катастрофа
Европските пожарникарски тимови се директно вклучени во справувањето со огнената стихија во Делиблатската Пескара. Координацијата меѓу домашните сили, руските летала и европските тимови е клучна за спречување на понатамошно ширење на пожарите кон густо населените места и зачувување на шумскиот фонд. На терен деноноќно работат десетици пожарникари и доброволни друштва од повеќе српски градови.


