во

МИСТЕРИОЗНА ВРЕМЕНСКА КАСПУЛА НА МАСОНИТЕ: Отворена по цел век, еве што се криело во неа!

Жителите на Аурора во американската сојузна држава Илиноис присуствуваа на долгоочекуваното отворање на мистична временска капсула, која повеќе од еден век била сокриена во локалниот масонски храм пред тој трагично да настрада во пожар.

Временската капсула била пронајдена во 2019 година пред самото рушење на историскиот Lincoln Masonic Temple, кој претходно бил тешко оштетен во разорен пожар. Кога конечно успеале да ја отворат металната кутија, експертите и присутните граѓани биле фасцинирани од богатството на артефакти од првата половина на 20. век.

Што се криеше во масонската временска капсула?

Супер Попуст -25%

Меѓу откриените предмети имало статути на масонски организации, специјални прирачници, книги, автентични масонски кецељи, оригинални нацрти на храмот, како и примерок од весникот Beacon од 8 септември 1922 година. Особено внимание привлекол специјалниот камен за кој се тврди дека потекнува директно од легендарниот каменлом на кралот Соломон.

„Изградбата на масонскиот храм започнала во 1921 година, а објектот подоцна бил впишан во Националниот регистар на историски места сè додека пожарот не го уништи во 2019 година.“

Десетминутна борба со чекан и длето

Самиот чин на отварање претставуваше вистински предизвик за организаторите собрани пред Воениот музеј во центарот на Аурора. Поради цврстината на материјалот, тројца мажи наизменично морале да користат чекан и длето, додека капакот конечно не „попуштил“ по десет минути макотрпна работа.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

НЕВИДЕН СКАБДАЛ ВО ИТАЛИЈА: Изградил лажен антички амфитеатар и им наплаќај туристите по 600 евра за тура!

МУРИЊО СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ВИНИСИУС: „Тој може и мора многу подобро да се контролира!“