
Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје информираат дека се преземени сите неопходни безбедносни мерки и протоколи за безбеден транспорт на високата делегација. Возачите и учесниците во сообраќајот можат да очекуваат привремени прекини и пренасочувања на сообраќајот по сообраќајниците низ главниот град.
Апел од МВР до сите граѓани
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Од Министерството за внатрешни работи упатуваат остра порака и апел до сите граѓани и учесници во сообраќајот стриктно да ги почитуваат насоките и наредбите што ќе ги даваат полициските службеници на терен. Целта е да се одржи максимална безбедност и да се спречат поголеми сообраќајни метежи за време на движењето на делегацијата.
„СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да покажат разбирање и целосно да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници на критичните точки во градот.“


