
Според извештаите на The Wall Street Journal, посетата се случува додека САД настојуваат да ги запрат конфликтите во Украина и Иран, собираат разузнавачки податоци за руските подготовки за нова мобилизација и ја тестираат решителноста на НАТО. Американскиот воен транспортен авион Боинг Ц-17А Глоубмастер и транспортен авион Ц-40Б биле забележани од очевидци и корисници на Flightradar24 како слетуваат на московскиот аеродром Внуково, донесувајќи дипломатска делегација.
Итна порака и четиричасовен престој
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Ратклиф останал во руската престолнина само околу четири часа пред неговиот авион повторно да полета за САД. Упатените аналитичари, како познавачот на руските прилики Мајкл Вајс, оцениле дека толку пократок престој сугерира оти на руската страна ѝ била доставена директна и итна порака – предупредување за руската ескалација против Европа, саботажите на ГРУ, како и поддршката за Техеран. Иако Кремљ преку портпаролот Дмитриј Песков изјави дека нема информации за слетувањето, експертите нагласуваат дека ваквите тајни канали меѓу шефовите на разузнавачките служби остануваат клучни за спречување на поголеми конфликти.
„САД ја поддржуваат Украина и се наш противник, но колегите од разузнавачките агенции можат многу послободно да разговараат од политичарите за серија акумулирани проблеми – од Украина до Иран и Кина.“


