
Од партијата нагласуваат дека особено загрижувачки е фактот што вакви содржини биле објавени од страна на раководител на институција чија основна задача е да ги штити правата на Албанците и припадниците на другите заедници во државата. Според ВЛЕН, ова не е прашање на личен избор, туку прашање на основни стандарди за секој јавен функционер и пораката што институциите ја пренесуваат до јавноста.
Барања за одговорност и зачувување на соживотот
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
ВЛЕН оцени дека лице кое јавно ги потценува жртвите и не ги почитува основните вредности на меѓуетничкиот соживот не може да биде гарант за заштита на правата на заедниците. Политичката сила упати повик за доследно почитување на жртвите од воените злосторства, како и за зацврстување на принципите на човековите права и заедничкиот живот.
„Ова е прашање на стандарди за еден јавен функционер и на пораката што институциите им ја испраќаат на граѓаните, поради што бараме итна реакција и одговорност.“


