во

ОФИЦИЈАТЕЛНА ПОТВРДА ОД ШИН БЕТ: Синот на Бенјамин Нетанјаху итно евакуиран поради сериозна безбедносна закана!

Израелската контраразузнавачка служба Шин Бет официјално потврди дека постоела директна и сериозна безбедносна закана за Јаир Нетанјаху, синот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, поради што тој бил итно евакуиран и вратен од САД во Израел.

Според изјавата на претставник на Шин Бет за израелскиот Канал 12, одлуката за итна евакуација била донесена по експресна проценка на безбедносниот тим кој утврдил опасност по неговиот живот. Оваа потврда доаѓа по претходните медиумски извештаи дека Јаир Нетанјаху бил мета на ирански оперативци кои го следеле неговото движење во Мајами, на Флорида, каде што престојуваше.

Претходни предупредувања и изјави од израелскиот премиер

Супер Попуст -25%

Дека семејството на премиерот е директна мета потврди и самиот Бенјамин Нетанјаху во претходно телефонско интервју за Канал 14, кога јавно објави дека Иран се обидел да ликвидира еден од неговите синови. Иако Шин Бет сега ја потврди сериозноста на заканата и неопходноста од итно враќање, службите сепак не соопштија нови детали за начинот на кој бил планиран наводниот напад или идентитетот на сите вмешани лица.

„По проценка на безбедносниот тим, донесена е одлука Јаир Нетанјаху итно да биде евакуиран заедно со неговото обезбедување и вратен во Израел.“

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО КОЧАНИ: Силен ветер и пороен дожд блокираа магистрални патишта, градот остана без струја!

ИСТОРИСКИ ДОГОВОР МЕЃУ КАРАКАС И ВАШИНГТОН: Венецуела потпишува 25-годишен нафтен пакт со САД!