
Според извештаите, американската Централна команда извршила прецизна акција против ракетни лансери на островот Ларак во која загинале две лица, по што Иран одговори со ракетен напад врз американски бази во Јордан, а јорданската армија пресретнала осум проектили. Иранската револуционерна гарда го оценил американскиот потег како фатална стратешка грешка и најави остри последици, тврдејќи дека во конфликтот е соборен и американски дрон.
ВИДЕА СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ПОЗИЦИЈАТА НА ТЕХЕРАН
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Часови по нападите, Трамп на социјалните мрежи сподели монтажи со вештачка интелигенција на кои експлодира нафтена инфраструктура, вклучувајќи го и виртуелно „разнесениот“ остров Харг, без притоа да понуди официјални детали. Иако иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека земјата не бара војна, тој нагласи дека Техеран решително ќе одговори на секоја понатамошна агресија.
„Нападот е стратешка и фатална грешка на режимот на Трамп, а непријателот сигурно ќе ги плати последиците од оваа погрешна пресметка.“


