во

БИТКА СО ОГНОТ: ЦУК информира за 42 пожари, пет жаришта сè уште активни низ Македонија!

Центарот за управување со кризи (ЦУК) излезе со најновиот пресек за состојбата со пожарите низ државата. Иако надлежните служби во текот на изминатото деноноќие водеа исцрпувачка битка и успеаја да ликвидираат дури 32 жаришта, огнената стихија и натаму е активна на неколку критични локации.

Пет жаришта остануваат активни, огнот премина и во Косово

Според утринските податоци заклучно со 7:30 часот, од вкупно 42 регистрирани пожари на отворен простор, најголема загриженост предизвикува состојбата во скопскиот регион. Огнот е сè уште силно активен кај селата Грачани и Никиштани во Општина Ѓорче Петров, при што огнените јазици се проширија и ја зафатија територијата на соседно Косово. Битка со пламените јазици се води и во месноста Рамно кај селото Брест во Општина Чучер-Сандево, како и на потегот меѓу селата Буринец, Локов и Селце во Струшко, кај Белица во Македонски Брод и Милетино во Општина Брвеница.

Херојска интервенција: 32 пожари се минато

Супер Попуст -25%

И покрај тешките временски услови и сувата вегетација, екипите на терен бележат огромни успеси. Во текот на вчерашниот ден целосно се изгаснати дури 32 пожари ширум државата, спречувајќи катастрофални последици во општините како Петровец, Гази Баба, Берово, Охрид, Струмица, Куманово и многу други. Брзата интервенција спречи овие пожари да прераснат во уште поголема еколошка катастрофа.

„Во изминатото деноноќие во државата биле регистрирани 42 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, пет се ставени под контрола, а 32 се изгаснати“, официјално информираат од ЦУК.

Пет локации под целосна контрола

Покрај изгаснатите, екипите успешно ставија под контрола уште пет опасни жаришта кои се закануваа да излезат од пропорции. Под надзор се пожарите во кичевскиот регион кај селата Кнежино, Добреноец и Тајмиште, како и огнената стихија кај селото Копаница во Општина Сарај. Дополнително, локализиран е и алармантниот пожар на градската депонија во Делчево, како и жариштето меѓу Руѓинце и Орах во Општина Старо Нагоричане, каде екипите остануваат на терен за да спречат повторно разгорување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПУТИН НЕ ОТСТАПУВА: Москва ги задржува максималистичките барања, нема мировни компромиси!

ПОЧЕСНА СТРЕЛБА ВО СКОПЈЕ: Армијата вечерва ќе го одбележи Денот на независноста со 10 плотуни