
Масовно пристигнување и опело од поглаварот на СПЦ
Посмртните останки на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг на 85-годишна возраст, се изложени во црквата „Свети Лука“ во Белград. Официјалните најави говорат дека опелото ќе го чиноначалствува поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфириј. За да му оддадат последна почит, кон српската престолнина се упатија илјадници поддржувачи од Република Српска, а Борачката организација организираше дури 55 автобуси со поранешни припадници на војската од повеќе градови.
„Младиќ во 2021 година беше правосилно осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница каде беа убиени околу 8.000 Бошњаци, како и за опсадата на Сараево и земањето заложници од ОН.“
Дипломатски шамар од Европската Унија
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Организирањето на комеморација за Младиќ во Домот на Војската на Србија во саботата предизвика бурни и остри реакции од меѓународната заедница. Како директен одговор на овие случувања, новата европска комесарка за проширување, Марта Кос, ја откажа својата планирана посета на Србија. Таа испрати недвосмислена порака дека величењето на лица кои се осудени за геноцид и воени злосторства е целосно неспоиво со европските вредности и сериозно го нарушува патот на земјата кон полноправно членство во Европската Унија.


