
Прв удар во Ахарнон врз продавница за здрава храна
Првиот инцидент ја вознемири јавноста во раните утрински часови, пред разденување. Според информациите пренесени од грчкиот медиум „Прототема“, првиот напад се случил точно во 4:25 часот по локално време, кога била фрлена рачна граната врз продавница за здрава храна лоцирана во населбата Ахарнон. Во моментот на експлозијата, во самиот објект се наоѓал обезбедувач од сириско потекло, кој за среќа поминал без повреди.
„Рачни гранати беа фрлени денеска врз две продавници во центарот на Атина, соопшти грчката полиција, категорично потврдувајќи дека во инцидентите нема повредени.“
Втора експлозија половина час подоцна
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Само триесетина минути по првиот напад, следел нов бомбашки удар во друг дел од централното градско подрачје. Вториот инцидент се случил во 4:55 часот наутро во областа Агиос Пантеиламонас, каде непознат сторител фрлил експлозивна направа врз локален бар кој е во сопственост на сириски државјанин.
Фактот што и двата нападнати објекти се директно поврзани со лица од сириско потекло – едниот преку сопственикот, а другиот преку вработениот како обезбедување – отвора сериозни сомнежи за мотивот на напаѓачите. Грчките надлежни служби вршат увид на терен и интензивно работат на откривање на сторителите и расветлување на позадината на овие напади.


