
Забрана за увоз и блокада на јавните набавки
Забраната, која официјално ќе почне да се применува од 29 септември, опфаќа широк спектар на производи како мотоцикли, мопеди, концентрати на протеин од сурутка, но и специфични видови на вино, пиво, водка и други жестоки пијалаци. Дополнително, Трамп објави дека канадските производи ќе бидат целосно исклучени од одредени договори за јавни набавки на американската влада, наложувајќи им на надлежните агенции да ги отстранат сите производи од Канада.
„Канадската влада, вклучувајќи ги и канадските провинции, им забрани на американските мали бизниси и компании да продаваат на нивните пазари за јавни набавки. Од сега па натаму, нема реципроцитет – нема пристап!“, порача Трамп преку својата платформа „Трут соушл“.
Отава повикува на конструктивен дијалог
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Овој најнов американски удар доаѓа само неколку часа откако Канада воведе свои реципрочни контрацарини до 50 проценти на одреден увоз од САД. Канадскиот министер за трговија, Доминик Леблан, истакна дека нивен главен приоритет останува заштитата и поддршката на канадските работници, земјоделци и бизниси од, како што ги нарече, овие неоправдани акции на Вашингтон.
Леблан потврди дека веќе стапил во контакт со американскиот трговски претставник Џејмисон Грир за да се надмине ситуацијата. Тој порача дека кога САД ќе бидат подготвени за ангажман, канадската влада ќе работи со добра волја кон воспоставување порамноправни и заемно корисни трговски односи, но исклучиво со целосно почитување на канадската сувереност.


