во

Нови ракетни удари во Украина: Најмалку 18 повредени во Киев и Одеса, меѓу нив и деца

Синоќешните ракетни напади врз украинските градови Киев и Одеса оставија зад себе уништени домови, цивилни жртви и најмалку 18 повредени лица, меѓу кои има и деца. Спасувачките служби се на терен и работат на отстранување на последиците.

Ракетирани станбени и деловни објекти во Киев

Во главниот град на Украина, локалните власти потврдија дека во текот на ноќта се повредени вкупно 12 лица. Според информациите од градската воена администрација, меѓу повредените има и две деца на возраст од 10 и 12 години, на кои веднаш им била укажана неопходната медицинска помош.

Супер Попуст -25%

Градоначалникот Виталиј Кличко првично информираше за помал број повредени, но бројката брзо се искачи на 12, од кои девет лица поради сериозноста на повредите се задржани на болничко лекување. Во нападот врз Киев биле погодени два дела од градот, при што значителна штета претрпеле деловни и станбени згради.

Жртви и разурната инфраструктура во Одеса

Паралелно со нападите на главниот град, цел на руските сили во текот на ноќта беше и јужниот град Одеса. Според првичните извештаи што ги пренесува „Укринформ“, во овој град животот го загубиле најмалку три лица, додека началникот на воената администрација, Сергеј Лисак, потврди дека се повредени уште шест лица, меѓу кои две деца.

„Како резултат на ноќниот напад врз Одеса, оштетена е 19-катна станбена зграда. Во друг дел од градот, целосно е уништена една приватна станбена зграда, а оштетени се и други помошни објекти и локалната инфраструктура“, изјави Лисак.

Тој додаде дека надлежните екипи интензивно работат на терен за расчистување на урнатините и санирање на предизвиканите штети од овој најнов бран напади.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ескалација на незадоволството: Демонстранти го запалија комплексот на ЕУЛЕКС во Приштина