
„Воени јастреби“ нѐ туркаат во војна
Фицо излезе со драматична проценка дека Европа е поблиску од кога било до војна од големи размери. Според него, војната во Украина не е војна ниту на Словачка, ниту пак на НАТО алијансата како целина.
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
„Одредени воени јастреби во НАТО се обидуваат по секоја цена оваа војна да ја претворат во конфликт меѓу Русија и НАТО“, изјави Фицо, додавајќи дека неговата земја категорично одбива да испрати свои војници на фронтот врз основа на, како што самиот го нарече, „измислен повод“.
Макрон и Туск со сосема поинаква реторика
Ваквиот тврд став на словачкиот премиер доаѓа во време кога останатите клучни европски лидери силно алармираат за зголемена руска закана врз европското тло.
Францускиот претседател Емануел Макрон отворено предупреди дека Русија ја засилува својата кампања на хибридни напади низ Европа, со цел да предизвика дестабилизација на континентот.
На иста линија со Макрон е и полскиот премиер Доналд Туск. Повикувајќи се на доверливи разузнавачки информации, тој предупреди на реална опасност од можни директни напади со дронови и ракети врз оние земји кои активно ѝ даваат поддршка на Украина. Ова само дополнително го потенцира длабокиот раскол во ставовите меѓу европските лидери околу тоа како да се менаџира најголемата безбедносна криза во поновата историја.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден








