во

Макрон со брутален одговор до Трамп: Ова е француска територија, не се замараме со вашите чудни идеи!

Територијалните провокации на американскиот претседател Доналд Трамп наидоа на жесток отпор. Откако Трамп објави мапа на која цела Северна Америка е обоена во боите на американското знаме, францускиот претседател Емануел Макрон испрати остра порака директно од Свети Пјер и Микелон – единствената преостаната француска територија на овој континент.

„Некои луѓе имаат чудни идеи“

Посетата на Макрон на малиот француски архипелаг во близина на канадскиот брег доаѓа во момент на сериозно заострени дипломатски односи. Американскиот претседател неодамна предизвика бура во јавноста откако објави контроверзна карта на која Канада, Гренланд, но и францускиот Свети Пјер и Микелон, беа означени како американска територија.

Супер Попуст -25%

Оваа виртуелна анексија не помина неказнето кај францускиот лидер, кој веднаш по пристигнувањето на архипелагот кој брои 5.800 жители, му возврати на Трамп во свој стил.

„Ова е француска територија и е длабоко приврзана кон Франција. Нема секое утро да го потврдуваме тоа само затоа што некои луѓе имаат чудни идеи или кажуваат чудни работи“, дециден беше Макрон.

Историска посета на Карни и одбрана на суверенитетот

За да ја зајакнат пораката до Вашингтон, на Макрон му се придружи и канадскиот премиер Марк Карни, кој испиша историја станувајќи првиот канадски премиер што го посетил овој француски архипелаг, оддалечен само 25 километри од Њуфаундленд.

Двајцата лидери фокусот го ставија на одбраната на државниот суверенитет и стриктното почитување на меѓународните граници. На агендата се најдоа и стратешки теми како соработката во одбраната, енергетиката, воздушната индустрија, критичните минерали и вештачката интелигенција. Оваа средба е јасен сигнал дека Париз и Отава нема да дозволат Трамп, кој постојано ја нарекува Канада „51. американска сојузна држава“, да ги третира нивните територии како сопствен заден двор.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фицо со шокантно тврдење: „Воени јастреби“ на Западот по секоја цена сакаат војна меѓу НАТО и Русија!

Политички земјотрес кај нашиот северен сосед: Вучиќ најави оставка в недела!