во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 21 СЕПТЕМВРИ: Оставете ги Биковите да дишат, Вагите опасно ќе ги изнервира еден коментар

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

Овен

Ми изгледа дека уште од самиот почеток на неделата презедовте на себе доста взискателни и многубројни обврски. Или пак колегите ви префрлаат и дел од својата работа. Денес се актуелни флертувања, можно е дури и да криете некоја средба од постојаниот партнер.

Бик

Доста дистракции, особено од колегите и деловните соработници. Се трудите својот дел од работата да го завршите навреме и многу ви пречи што со своето однесување ве одвлекуваат од работата или ве деконцентрираат. Се обидувате да сокриете колку сте заинтересирани за некого.

Близнаци

Имате чувство дека малку ви останало за да приведете кон крај една деловна обврска. Останати се уште некои ситници, но одите полека, бидејќи не сакате ништо да препуштите на случајноста. Малку сте поќутливи во контактот со саканата личност, па другата страна се прашува што се случува.

Рак

Некого од работа со кого имате добар, речиси пријателски однос, ќе морате да го критикувате поради пропусти и немарност. Иако ова ви паѓа тешко, сметате дека е време да се сосредоточи на своите обврски. Неразбирање денес помеѓу вас и саканата личност.

Лав

Сметате дека можете да остварите добар договор со некого, но никако не ви се укажува прилика тоа да го завршите. Вие сакате брзо, но другата страна сака да размисли за вашата понуда. Не се откажувате од тоа да покренете приказна со некого кој ви е многу интересен.

Девица

Некој со своите забелешки ќе ви го расипе расположението. Додуша, и вие умеете да бидете многу критични кон другите, па затоа немојте да замерувате што ви возвраќаат со иста мера. Променливо сте расположени кон партнерот – час го опсипувате со љубов, час барате причина за кавга.

Вага

Сигурни сте дека правите некои работи на вистинскиот начин, но не можете да оспорите дека една личност ве поколеба со своите критики за вашата работа. Можно е ова дури и да е надредениот, па оваа критика секако би требало да ја земете предвид. Шармирате некого на работа.

Шкорпија

Со задоволство ги провоцирате колегите и соработниците за да ги видите нивните реакции. Денес сте малку зајадливо расположени и никој нема да му избега на вашиот остар јазик. Но, проблемот е што ниту со саканата личност нема да бидете многу поинакви.

Стрелец

Мислите дека денес ви се отвора вистинскиот момент да изнесете предлог, најверојатно пред надредениот. Обрнете внимание на деталите од она за кое имате намера да зборувате, не одете на разговор неподготвени. Одлично расположение и размислување за саканата личност.

Јарец

Еден од деловните соработници има слух за она што вие сакате да го покренете. Денес ќе имате добра комуникација со оваа личност и ќе ги сослушате советите кои има да ви ги даде. Во средбата со саканата личност покажете повеќе опуштеност и добра волја.

Водолија

Промената која сакате да ја покренете во еден договор не функционира, колку и да се трудите. Не можете да ги усогласите интересите и можеби е најдобро приказната да ја оставите за друг ден. Во прилично романтично расположение сте и можно е да го изненадите партнерот со иницијатива.

Риби

Ќе се обидете да функционирате, но мислите ви бегаат, а обврски имате преку глава. Тешко ќе излезете на крај со сè денес, но енергијата ви е во пораст, па сепак некако ќе се изборите. Опуштете се и прифатете ја поканата за средба од една личност која од неодамна ја познавате.
Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Подгответе ги чадорите: Попладнево пристигнува локално невреме, грмежи и силен ветер!

Заборавена зимница од само 4 состојки: Кој не пробал пиперки во млеко, не знае што пропушта!