во

Политички земјотрес во Германија: АфД триумфираше на североистокот, Левицата го освои Берлин!

Два огромни изборни пресврти ја потресоа германската политичка сцена. Десничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа во Мекленбург-Западна Померанија, додека Левицата стана најсилната политичка сила во главниот град Берлин. Ова претставува тежок удар за традиционалните партии, особено за владејачката ЦДУ.

Историско дно за партијата на канцеларот Мерц

Според проекциите, АфД ја освои првата позиција во Мекленбург-Западна Померанија со 37,9 проценти од гласовите, оставајќи ја зад себе СПД на покраинската премиерка Мануела Швезиг која освои 35,7 проценти. Вистинскиот шок, сепак, е катастрофалниот пад на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германскиот канцелар Фридрих Мерц. Партијата падна на мизерни 5 проценти, балансирајќи на самата граница за влез во покраинскиот парламент – што е нивниот најлош резултат од основањето на Сојузна Република Германија.

Супер Попуст -25%

Во таборот на АфД владее еуфорија. Копретседателката Алис Вајдел изјави дека нивната партија буквално ја „истиснала ЦДУ“ од позицијата на водечка народна партија. Сепак, АфД нема мнозинство за самостојно формирање влада, а останатите партии категорично одбиваат коалиција со нив.

Берлин „поцрвене“, Мерц одбива да се повлече

Голема промена се случи и во главниот град. Левицата изби на првото место со 25,3 проценти, отворајќи сосема нова битка за составување на градската власт. Ветеранот на партијата, Грегор Гизи, овој резултат го нарече историска пресвртница. ЦДУ и тука забележа значителен пад на 19,1 процент (од 28,2% во 2023 година).

„Резултатот во Мекленбург-Западна Померанија не можеме да го разубавуваме, тоа е катастрофа“, призна канцеларот Фридрих Мерц само неколку минути по првичните проекции.

И покрај огромниот дебакл и фактот дека ЦДУ беше целосно потисната во поларизираната битка меѓу СПД и АфД, Мерц јасно порача дека не планира да поднесе оставка и дека останува на чело на партијата и на канцеларската функција. Притисокот врз раководството дополнително се зголемува во пресрет на кризниот состанок закажан за понеделник.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Устајаниот мирис се враќа штом ги затворите прозорците? Оваа грешка многумина ја прават, а проблемот не е во воздухот!

Левица: Земјоделците плаќаат за да произведуваат, оризот се откупува далеку под производната цена