во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 29 СЕПТЕМВРИ: Овните ги чека ПАД НА ВЕКОТ, Девиците под итно да се исконтролираат

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Ќе бидете незадоволни, бидејќи во деловниот сегмент и во некој договор сè сте направиле како што треба, а очекуваниот резултат изостанал. Можно е ова да е само моментален застој, не се откажувајте. Во односот со саканата личност се повлекувате, не сте расположени за комуникација.

♉

Бик

Денес никако да дојдете до она што го сакате. Ми изгледа дека, колку и да се трудите, резултатите се никакви или многу мали. Сфатете го ова само како моментална ситуација. Денес тешко се вклопувате со саканата личност, променливо расположение и кај вас и кај неа.

♊

Близнаци

Можно е во некој договор буквално да сте „помеѓу два огна“. И вам ви е јасно дека не можете на сите да им угодите, но се обидувате да направите компромис. Партнерот денес не ве разбира, во еден момент функционирате одлично, во друг сте раздразливи и непристапни.

♋

Рак

Доста напорен ден е пред вас во деловниот сегмент. Нешто полоши околности, напната соработка со луѓето со кои работите и тешко вклопување. Евидентно е нерасположението и во емотивниот сегмент, колку и вие и партнерот да се обидувате да направите нормална ситуација.

♌

Лав

Уште еден ден кога во деловниот сегмент доста се очекува од вас, но со право – бидејќи ќе бидете на висина на задачата без разлика на тоа што ви се зададени исклучително кратки рокови. Обземени сте со своите приоритети, па на саканата личност ќе ѝ посветите само делче од своето време.

♍

Девица

Некој се понудил да ви притекне на помош и да одработи еден дел од вашите обврски. Прифатете со благодарност и не изнесувајте забелешки (како што вие тоа инаку го знаете). Денот е повеќе за некои планови за излегување или вечера со пријателите отколку за планови со партнерот. Денес тој е во втор план.

♎

Вага

Денес некако не успевате во комуникацијата да се поклопите со луѓето со кои доаѓате во контакт. Како да зборувате на различни јазици, целосно неразбирање и можност за забуни. Не сте сигурни што да направите кога е во прашање саканата личност. Незадоволни сте.

♏

Шкорпија

Деловниот сегмент денес е одлично поставен, но најстрашно ќе се изнервирате поради некој трошок кој морате да го платите. Ниту емотивните релации нема да функционираат онака како што вие сакате. Големо незадоволство и повлеченост во вториот дел од денот.

♐

Стрелец

Не можете да им излезете во пресрет на сите, колку и да го сакате тоа. Наместо да размислувате за тоа како да им угодите на другите, размислувајте да не преземете премногу обврски на себе. Не се воздржувајте во комуникацијата со симпатијата. Не размислувајте премногу, дејствувајте.

♑

Јарец

Денес сè ви оди од рака. Ми изгледа дека сте ја нашле вистинската „финта“ за некои луѓе и сега можете без проблем да ги придвижите. Емотивниот партнер е повеќе од заинтересиран да помине дел од денот во ваше друштво. Расчистете ги обврските и подгответе се за уживање.

♒

Водолија

Колега или пријател ве убедува да покренете нешто заедничко што би ви донело дополнителни приходи. Размислувате, но не сте баш воодушевени од идејата бидејќи мислите дека од тоа нема да видите некои пари. Вечерта ќе ја поминете со саканата личност или симпатијата, но во друштво на пријателите.

♓

Риби

Задоволни сте што некоја деловна проблематика сте ја решиле без вплетување на помош од страна на колегите. Денес имате куп обврски и се трудите сите да ги завршите навреме. Имате чувство дека партнерот избегнува да поминува повеќе време со вас.
Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Временска прогноза: Променливо облачно и по свежо време, можен слаб дожд на југоистокот

Тајната на совршените кнедли за супа: Со овие 2 капки масло никогаш нема да се распаднат