
Ескалација на вербална расправија во физичка пресметка
Според информациите од германската полиција, инцидентот се случил во саботата рано наутро, околу 4 часот, во непосредна близина на градскиот плоштад. Две групи млади луѓе најпрвин започнале вербална расправија, која за многу кратко време ескалирала во жестока масовна тепачка.
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден
За време на инцидентот, 23-годишен германски државјанин од Бад Зегеберг извадил нож и му нанел тешки повреди на 24-годишниот Македонец, додека повреди здобил и 23-годишен државјанин на Ирак.
Брза интервенција и успешна операција
Минувачи и првите луѓе кои се нашле на местото на настанот се обиделе да му помогнат на ранетото момче и да го запрат обилното крвавење. Набргу пристигнале и полициски службеници кои со користење на медицинска поддршка ја продолжиле борбата за стабилизирање на повредениот.
Момчето веднаш било пренесено со возило на Итната медицинска помош во локалната болница, каде му била извршена итна хируршка интервенција:
И покрај тоа што неговите повреди првично биле оценти како директно опасни по живот, лекарите потврдија дека по успешната операција тој повеќе не се наоѓа во животна опасност.
Брза реакција и приведување на осомничените
Веднаш по крвавиот инцидент, три лица – меѓу кои и главниот осомничен за нападот со нож – се дале во бегство со автомобил. Сепак, полицијата брзо ги лоцирала во локална клиника каде побарале лекарска помош.
Приведени се 23-годишниот напаѓач и уште двајца германски државјани на возраст од 22 и 23 години, кои исто така имале полесни повреди здобиени во тепачката.


