
Директорот на Историскиот музеј Крушево, Миха Оџаклиески, ја потврди информацијата. Тој изјави дека продукцијата добила дозвола од нивниот Управен одбор. Просторот се издава по цена од околу 500 евра за неколку часа. Оџаклиески тврди дека провокативните сцени не се снимени внатре во објектот.
Државата не знаела за снимањето
Управата за заштита на културното наследство воопшто не била информирана. Директорката Весела Честоева потврди дека од нив не е побарана никаква дозвола. Таа нагласи дека дозволи се даваат исклучиво за промоција на македонската култура и уметност.
„Просторот беше отстапен за снимање спот. Имаме одлука просторот да се отстапува со соодветна цена која се наплатува на саати.“
Овој случај отвора сериозни прашања за заштитата на културното наследство. Македониумот е светски признато архитектонско дело на Јордан и Искра Грабулоски. Неодамна објектот беше во центарот на уште еден скандал. Метални решетки беа поставени без дозвола, за што сè уште се чека инспекциски извештај.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден







