во

Совршен рецепт за секоја пригода: Како да подготвите крцкав и сочен пица-ролат дома

Пицата е едно од овие јадења на кои е тешко да им се одолее, а овој брз и практичен пица-ролат со готови кори ви овозможува да го добиете омилениот вкус дома за многу кратко време и без мачење околу тестото.

Практичен избор за секој оброк

Без разлика дали ви е потребен брз појадок, вечера, ужина или мезе кога ќе ви се најават гости, пица-ролатот е идеален избор. Надевот можете лесно да го прилагодите според она што веќе го имате во фрижидерот, додека комбинацијата од шунка, кашкавал, шампињони и кечап му дава препознатлив и омилен вкус.

Супер Попуст -25%

Најјубаво е додека е сеуште топол, кога кашкавалот е убаво растопен, а корите се златни и крцкави.

Потребни состојки:

  • 1 пакување готови кори
  • 250 г шунка
  • 200 г кечап
  • 250 г рендан кашкавал
  • 250 г шампињони
  • 2 лажици кисела павлака
  • Пола шолја масло
  • Пола шолја кисела вода
  • 1 јајце
  • Оригано по желба и сусам за посипување

Како се подготвува пица-ролатот?

Најпрво измешајте ги маслото и киселената вода. Земете една кора, попрскајте ја со смесата, па преку неа ставете ја втората кора. Премачкајте со кечап, распоредете ја шунката, додајте го ренданиот кашкавал, исечканите шампињони, малку оригано и неколку лажичиња кисела павлака.

Внимателно уролајте ги корите, премачкајте ги со изматено јајце и посипете со сусам. Повторете ја постапката со останатите состојки, исечете го ролатот на еднакви парчиња и печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути додека не добијат убава златна боја.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 30 СЕПТЕМВРИ: Некој ги става Близнаците во безизлезна ситуација, Девиците ги мачат деловни обврски

Уреден дом без стрес: 5 брзи утрински навики на минималистите што одземаат само неколку минути