
Силен ветер долж Повардарието и температури до 20 степени
Низ државата ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој особено долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 километри на час. Минималната утринска температура ќе се движи во интервал од 0 до 9 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 12 до 20 Целзиусови степени.
Прогноза за Скопје и најава за следните денови
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Во главниот град се очекуваат слични временски услови. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, а во одредени делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се спушти до 6 степени изутрина, а преку денот ќе достигне максимални 15 Целзиусови степени.
Според најавите на синоптичарите, во следниот период нè очекува променливо облачно и стабилно време. Исклучок ќе биде петок, кога се најавуваат слаби локални врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминат во снег.


