во

Трамп без ракавици за Зеленски: „Не сум негов љубител, тие ја уништија Украина“

Американскиот претседател Доналд Трамп упати директни и жестоки критики кон украинскиот лидер Володимир Зеленски, обвинувајќи го за енергетската криза и тврдејќи дека тој воопшто нема намера да ја заврши војната преку преговори.

Ударите врз руските рафинерии ги креваат цените на нафтата

Во интервју за телевизијата „Њузмакс“ (Newsmax), директно вклучен од Белата куќа, Трамп го изрази своето незадоволство од украинската тактика на бомбардирање на руската нафтена инфраструктура. Според него, цел на ударите се капацитети клучни за глобалниот пазар на горива.

Супер Попуст -25%

„Мислам дека тоа е срамно. Има многу други цели. Кога напаѓате рафинерии што произведуваат дизел – кој ни е потребен нам и на целиот свет – тогаш не му правите никаква услуга на светот“, порача Трамп, додавајќи дека овие потези директно ги покачуваат цените на енергенсите.

„Не сака да склучи договор, ја уништија таа земја“

Покрај економските критики, американскиот претседател отворено го доведе во прашање кредибилитетот на Зеленски како лидер и неговата подготвеност за дијалог со Москва, нарекувајќи го „лош човек“ за соработка.

„Зеленски не е човек со кој е лесно да се соработува. Тој не сака да склучи договор. Вели дека сака, но всушност не сака. Не, не сум некој негов голем љубител. Тие ја уништија таа земја“, изјави Трамп во емисијата.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трагедија во Орегон: Три деца и наставничка убиени во напад на основно училиште

СДСМ обвинува: Ново задолжување од 92 милиони евра, Мицкоски направи 4 милијарди долг за две години