
„Преправајте се дека гласате за мене“ – Страв од пад на гласачката мотивираност
„Ве молам, преправајте се дека моето име е на гласачкото ливче“ — со овој необичен апел американскиот претседател Доналд Трамп со недели ги завршува своите собири. Зад пораката стои фактот дека неговата база е силно мотивирана само кога тој лично се кандидира, додека на меѓуизборите за сенатори и конгресмени одзивот на конзервативците драстично паѓа.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Анкетите носат вознемирувачки бројки за Белата куќа. Според мерењата на Ројтерс/Ипсос и центарот „Пју“, поддршката за Трамп падна на рекордни 30 до 32 проценти. Дури 78 отсто од граѓаните директно го обвинуваат претседателот за високите цени и растот на животните трошоци, кои дополнително ескалираа по воениот конфликт со Иран, кога годишната инфлација забрза на 3,7%, а бензинот поскапе за над 9 отсто во само еден месец.
Неисполнети ветувања за илјадници долари и демократско водство
За да го спречи изборниот колапс, Трамп најави исплата на „дивиденда“ од 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку републиканците го задржат Конгресот — мерка што би чинела 1,2 билиони долари и наиде на општ скептицизам. Според истражувањето на „Економист/ЈуГов“, дури 61 отсто од граѓаните не веруваат во ваквите најави, сметајќи ги за продолжение на претходно нереализираните ветувања.
Во моментов, демократите имаат предност од речиси 9 процентни поени во просекот на националните анкети и водат во сите шест клучни сојузни држави за Сенатот. Покрај тоа, дури 66 отсто од гласачите на демократите се исклучително мотивирани да гласаат, главно водени од желбата да му се спротивстават на Трамп.
„Ако демократите ја преземат контролата врз Претставничкиот дом и врз Сенатот, постапката за ново отповикување (импичмент) на Доналд Трамп и целосна блокада на Белата куќа ќе бидат прва точка на дневниот ред“, предупреди републиканскиот спикер Мајк Џонсон.


