
Црвено предупредување во Литванија и реакција на НАТО
Литванската војска и Националниот центар за управување со кризи утрово издадоа предупредување до жителите во централните и северните делови на земјата да побараат безбедно засолниште поради можна закана од воздухот. Поради инцидентот, воздушниот сообраќај на аеродромот во Каунас беше привремено прекинат, а НАТО веднаш активираше борбени авиони од својата мисија за надзор на воздушниот простор.
-
La Linea v2
699 ден
524.25 ден
Паралелно, соседна Латвија прогласи жолто предупредување за регионите долж границата со Литванија. Предупредувањата во двете земји беа укинати по околу еден час, но надлежните сè уште не соопштуваат за каков точно објект станува збор и од каде потекнува.

Полска во потрага, романски ловци соборуваат дронови
Тензиите се прелеаја и во Полска, каде што војската пријави можен упад во нејзиниот воздушен простор. Во јужниот дел на регионот Лублин, во близина на границата со Украина, распореден е копнен тим за пребарување и спасување кој трага по можни остатоци од неидентификувано летало.
Овие алармантни ситуации доаѓаат по серијата претходни инциденти со залутани дронови. Според тврдењата на украинските власти, некои нивни дронови во минатото отстапувале од траекториите поради руско електронско попречување на сигналите.
Напнатоста кулминираше претходниот ден кога романски борбени авиони Ф-16 соборија два нападни дрона со млазен погон од типот „Геран“ над Црното Море, во близина на градот Сулина. Поради континуираните безбедносни закани и нападите врз трговски бродови, Романија и Бугарија официјално побараа засилена поддршка од НАТО за заштита на регионот.


