
Девет часа под вода и откривање на нови канали
Меѓународната експедиција „Врело 2026“, составена од 15 спелеонуркачи од Македонија, Полска и Италија, успеа да ја надмине досегашната граница од 287 метри. Полскиот нуркач Бартек Питала, во исклучително сложена и опасна операција која траеше цели девет часа, успеа да се спушти на рекордна длабочина од 338 метри во системот од подводни премини и карпести формации каде што не допира природна светлина.
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
Особено значајно за науката е откривањето на два досега целосно непознати подводни канала. Ова отвора нови прашања за вистинските димензии на пештерскиот систем, кој со новиот рекорд веќе ги надмина досегашните истражени дострели на познати подводни локалитети во Франција и Италија.
Природна архива за развој на научниот и авантуристичкиот туризам
Подводните пештери претставуваат природни архиви на геолошките процеси. Новите канали во Врело носат клучни информации за хидрологијата и за начинот на кој со илјадници години се менувале подземните водни системи. Експертите нагласуваат дека достигнатата длабочина не значи дека таму е крајот на пештерата, туку тоа е само најголемата досега документирана точка.
„Матка одамна е препознатлива туристичка дестинација, но ова откритие отвора можност кањонот да добие глобална препознатливост за научен и авантуристички туризам. Вистинската мистерија продолжува длабоко под површината на водата, а нејзиното истражување бара современа инфраструктура и внимателно управување“, велат организаторите.


