во

Зеленски благодарен на САД за деблокираните разузнавачки податоци, но критичен за „Старлинк“ и рускиот дизел

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, упати благодарност до американската администрација за обновувањето на размената на критични разузнавачки информации, но истовремено упати остри критики за ограничувањето на сателитскиот интернет и енергетскиот договор со Русија.

Деблокирани податоци за балистичките ракети

Во своето интервју за телевизијата „NBC“, Зеленски откри дека Вашингтон извесен период ја блокирал размената на разузнавачки информации, поради што Украина не добивала навремени предупредувања за време на тридневните руски напади со балистички ракети врз енергетската инфраструктура на земјата.

Супер Попуст -25%

„Беше блокирано одредено време, а потоа американската страна го деблокираше. Многу сме благодарни за тоа. Само САД ја имаат оваа единствена разузнавачка информација врз основа на која можат да нè информираат кога Русија користи балистички ракети“, истакна украинскиот претседател.

Критики за „Старлинк“ и договорот меѓу Трамп и Путин

Односите меѓу Киев и Вашингтон се оптоварени со неколку паралелни спорови. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно побара Украина да ги запре нападите врз руските нафтени постројки и објави договор со Владимир Путин за пласирање руски дизел на светскиот пазар (поради растот на цените предизвикан од тензиите во Ормускиот теснец). Зеленски овој потег отворено го нарече „подарок за Путин“.

Дополнително, Зеленски изнесе тврдење дека САД стојат зад ненадејното ограничување на брзината на сателитскиот интернет преку системот „Starlink“ на компанијата „SpaceX“ во сопственост на Илон Маск, што сериозно го отежнало користењето на украинските беспилотни летала на фронтот.

„Тоа беше порака од американската влада да се ограничи брзината на терминалите во Украина. И технички, тоа го направи SpaceX“, дециден е Зеленски во своето интервју.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Стојанчо Радичевски и Аркин Јахиј одат во втор круг за градоначалник на Брвеница

Левица обвинува: ДПМНЕ сака да ја замолкне дебатата за австралиската концесија на рудникот „Плавица“ во Пробиштип