
Барање за бришење на рударската зона и санација на загадувањето
На вонредната седница на Советот на Општина Пробиштип, советникот Митевски побара рудникот „Плавица“ целосно да се избрише како рударска зона од Нацрт-просторниот план до 2040 година. Тој нагласи дека не смее да се создава планска основа за нов рудник, флотација и ново јаловиште, барајќи приоритет на државата да биде целосната санација на постојното јаловиште и историското рударско загадување во регионот.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Од партијата Левица потенцираат дека локалитетот „Плавица – Црн Врв“ веќе е даден под 30-годишна концесија, а формалниот концесионер е во целосна сопственост на австралиската компанија „Genesis Resources Limited“. Според нив, додека македонското злато, бакар и сребро се под земја, правото на нивна експлоатација е во рацете на странскиот капитал, додека еколошките последици остануваат за локалното население.
Обид за цензура на вонредната седница
Од Левица тврдат дека при обидот да се отвори суштинска расправа за иднината на Пробиштип, градоначалникот Тони Тоневски од редовите на ДПМНЕ реагирал бурно и се обидел да ја задуши дискусијата, замолчувајќи го нивниот советник.
„Очигледно, на ДПМНЕ му пречи кога се зборува за тоа кој ќе го зема македонското богатство и пустошот што ќе остане зад нив. ДПМНЕ може да се обидува да ја задуши дискусијата, но не може да ја прикрие вистината. Левица ќе продолжи да зборува за ‘Плавица’ и за новата експлоатација која повторно би ја плаќале граѓаните на Пробиштип со загадување и уништена животна средина“, се наведува во соопштението на партијата.


