
Кинески дисидент тврди дека власта ја презела сестрата на Ким
Изворот на шпекулациите кои предизвикаа бура на социјалните мрежи е Ванџун Сје, кинески дисидент поврзан со Кинеската демократска партија, кој моментално живее во САД. Според неговите непотврдени тврдења, 42-годишниот севернокорејски лидер паднал во кома по мозочно крварење и бил тајно префрлен во болницата „Пекинг Јунион“ во Кина, каде што им подлегнал на последиците.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Сје оди чекор подалеку, тврдејќи дека телото на Ким било вратено во Северна Кореја, а во меѓувреме власта не ја презела неговата ќерка Ким Џу-ае, туку неговата влијателна сестра, Ким Јо Џонг. Како „доказ“ за оваа теза, дисидентот го наведува неодамнешното активирање на звучниците кон Јужна Кореја и испукувањето на предупредувачки истрели, толкувајќи го тоа како потег на сестрата за зацврстување на контролата врз војската. Според овие гласини, Пекинг дури испратил 9.000 војници во Пјонгјанг за да спречат криза при примопредавањето на власта.
Одговорот на Пјонгјанг и медицинската историја
Иако официјален Пјонгјанг не ги коментираше директно овие наводи, државната новинска агенција KCNA објави серија фотографии на кои Ким Џонг Ун наводно разгледува детски обувки и женска облека. Сепак, автентичноста на фотографиите и точниот датум на нивното создавање не можат независно да се потврдат.
Здравствената состојба на Ким долго време е предмет на меѓународни анализи. Неодамна, јужнокорејската Национална разузнавачка служба (NIS) објави дека лидерот тежи околу 140 килограми и е изложен на висок кардиоваскуларен ризик, но не забележале знаци на акутно влошување на здравјето. Ваквите гласини не се новитет – слична ситуација се случи и во 2020 година кога севернокорејски пребег тврдеше дека е „99 отсто сигурен“ оти Ким починал по операција на срцето, по што лидерот повторно се појави во јавноста.
„Откако ја презеде власта, Ким Јо Џонг веднаш ги активираше звучниците насочени кон Јужна Кореја… Ова индиректно ги потврдува гласините дека Ким Џонг Ун е мртов и дека таа моментално го контролира режимот“, тврди дисидентот Сје во своите вирални објави.


