
Тесна трка меѓу студентите и владејачката коалиција
Според резултатите од телефонската анкета спроведена врз репрезентативен примерок од 1.050 испитаници, за листата „Студентска листа – Студентите победуваат“ би гласале 44,5 проценти од определените гласачи, додека листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“ ужива поддршка од 42,7 проценти. Сите останати политички субјекти, вклучувајќи ги листите на Ивица Дачиќ (2,9%), коалицијата на Мариника Тепиќ и Здравко Понош (2,7%) и десницата на Милош Јовановиќ (2,5%), остануваат под изборниот праг.
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Излезноста на изборите се очекува да биде исклучително висока, со оглед на тоа што дури 79,8 проценти од анкетираните потврдиле дека сигурно ќе гласаат. На прашањето што е најдобро за иднината на земјата, 44 отсто одговориле дека посакуваат победа на опозицијата и студентите, додека 22,5 проценти сакаат сегашната власт да продолжи без промени.
Вучиќ: Растеме во анкетите, ако изгубиме ќе честитам во 22 часот
Коментирајќи ги најновите анкети, Александар Вучиќ изјави дека поддршката за неговата листа постојано расте и оти претходната предност на противниците од над 20 проценти сега е стопена на само 1,5 процент. Тој нагласи дека нема да дава никакви официјални изјави пред 22 часот на изборниот ден.
„Ако ги загубиме изборите, ќе честитам во 22 или 22:30 часот – и тоа е тоа. Секако, нема да се појавам пред 22 часот. Тие можат да застанат на глава или да измислуваат што сакаат, но ако ги загубат изборите, тогаш изгубиле. Ако победиме, мнозинството луѓе во Србија ќе се радуваат“, изјави Вучиќ, повикувајќи ги граѓаните масовно да излезат на гласање.


