во

Грција парализирана: Национален штрајк на синдикатите и студентите поради високите трошоци за живот

Грција денеска се соочува со масовни национални штрајкови и протестни собири организирани од работничките синдикати и студентските здруженија, кои бараат мерки против драстичниот раст на трошоците за живот и поголеми инвестиции во јавното образование.

Шатори на плоштадот Синтагма и 3.000 полицајци во Атина

Како увертира на денешните демонстрации, учениците и студентите уште вчера попладне поставија шаторски камп на централниот атински плоштад Синтагма, директно пред грчкиот парламент. Младите алармираат за кризата со домувањето и бараат намалување на високите кирии, поголеми субвенции за сместување, изградба на нови студентски домови и ангажирање дополнителен наставен кадар во образовните установи.

Супер Попуст -25%

Со цел да се спречи ескалација на насилството и сценарија со улични немири какви што неодамна се забележани во неколку други европски метрополи, грчките власти мобилизираа силни безбедносни сили. Само на улиците на Атина распоредени се околу 3.000 полицајци задолжени за одржување на јавниот ред и мир.

Јавниот сектор во штрајк на повик на АДЕДИ

На студентскиот револт масовно му се приклучија и вработените во јавниот сектор, кои ја прекинаа работата по повикот на влијателната конфедерација на синдикати АДЕДИ (ADEDY).

„Нашата синдикална акција има за цел да изрази целосна солидарност со барањата во образовниот сектор и да им овозможи на сите вработени граѓани, вклучително и на родителите, да земат масовно учество во демонстрациите и собирите низ земјата“, порачаа од синдикалната конфедерација АДЕДИ.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Осми ден хаос во Тирана: Демонстрантите со молотови коктели, полицијата со водени топови и солзавец

Анкета во Бугарија: Јотова и Влчев со убедлива предност, излезноста клучен фактор за претседателската трка