
Спасувачки акции и паника меѓу населението
Земјотресот е регистриран ноќта кон петокот по локално време во округот Баќинг, на длабочина од околу 10 километри. Според кинеските државни медиуми, бројот на повредени веќе се искачил на 54 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат со интензивно пребарување на теренот. На социјалните мрежи се шират видеа од безбедносни камери кои прикажуваат луѓе како панично бегаат од објектите за време на силниот потрес.
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден
Евидентирани се повеќе од 330 оштетени куќи и десетици уништени помошни објекти. Кинеската влада веднаш испрати 350 пожарникари, спасувачи и 83 специјализирани возила во погоденото подрачје.

Отежнати услови за спасување на 4.800 метри височина
Кинескиот претседател Ши Џинпинг нареди спасувачките операции да се спроведат со полн интензитет, сите повредени итно да добијат медицинска помош, а бројот на жртви да се сведе на минимум. Сепак, теренот е исклучително тежок за работа.
Епицентарот се наоѓа на околу 180 километри од најблискиот поголем град Нагчу. Погодената област е на надморска височина од околу 4.800 метри, каде метеоролозите веќе најавуваат снежни врнежи кои дополнително ќе ја отежнат мисијата на спасувачите.
„Со јачина од 7,0 степени, земјотресот во Баќинг е најсилниот регистриран во Кина оваа година. Тибет е повторно погоден од сериозна природна катастрофа, откако кон крајот на август разорна поплава во регионот однесе околу 1.450 животи“, потсетуваат новинските агенции, укажувајќи на сеизмичката активност предизвикана од судирот на индиската и евроазиската тектонска плоча.


