
Спротивставени тврдења и телефонски повик до Маск
Ограничувањата на мрежата предизвикаа сериозни пречки во дејствувањето на украинските вооружени сили, особено во користењето дронови за напади и одбрана. Иако Трамп одби да коментира дали лично интервенирал кај Илон Маск, а американската администрација и милијардерот негираа дека дале наредба за забавување, медиумите пренесуваат поинаква слика.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Американскиот весник „Волстрит џурнал“ објави дека Трамп телефонски побарал од Маск да ги тргне ограничувањата, откако брзината била намалена на околу 160 километри на час, што ги направило украинските дронови речиси неупотребливи. Според весникот, системот почнал да работи понормално веднаш по нивниот разговор.
Зеленски очекува одговори, притисок за руската нафта
Украинската армија користи две верзии на системот – комерцијалниот Старлинк и побезбедниот Старшилд, кои се потпираат на околу 10.000 сателити во ниската орбита. Зеленски на прес-конференција истакна дека брзината на воениот систем сè уште не е вратена на потребните 400 километри на час и дека очекува официјални информации од американскиот државен секретар Марко Рубио во рок од 48 часа.
Овие технички проблеми доаѓаат во период на зголемен политички притисок. Вашингтон бара од Зеленски да ги запре нападите врз руските нафтени рафинерии поради стравот од раст на цените на горивата. Во пресрет на среднорочните избори за Конгресот, Трамп укина дел од санкциите кон Русија и договори увоз на руски дизел, потег кој наиде на остри критики од Киев и од европските сојузници.


