
Преписки од „Скај“: „Вучиќ го викаме Оскар“
Српскиот неделник „Радар“ објави детали од наводна комуникација преку апликацијата „Скај“, која се поврзува со криминалните групи на Дарко Шариќ и Шкаљарскиот клан. Во пораките, учесниците користат прекари како „Оскар“ и „Чварак“, за кои медиумот тврди дека се однесуваат на претседателот Александар Вучиќ. Се споменуваат и неговиот брат Андреј, како и синот Данило, во контекст на средби, политичка поддршка и собирање гласови.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Пораките го инволвираат и Марко Парезановиќ, висок функционер на Безбедносно-информативната агенција (БИА), нарекуван „Маркус“, како и поранешниот министер Александар Вулин, сугерирајќи наводни гаранции за безбеден престој и бизнис во Србија. Сепак, медиумот напоменува дека самите пораки не се директен доказ оти споменатите политичари знаеле или учествувале во овие договори.
Вучиќ обвинува за странско влијание, студентите бараат одговорност
Објавувањето на овие наводи доаѓа во исклучително чувствителен момент. На завршниот предизборен собир во Белград, Вучиќ ги отфрли обидите за дестабилизација, обвинувајќи ги политичките противници дека дејствуваат под налог однадвор и дека се вложени милијарди евра за поткопување на власта.
Во исто време, на плоштадот Славија се одржа масовен завршен собир на Студентската листа. Младите, кои започнаа со протести по трагедијата на железничката станица во Нови Сад, порачаа дека гласањето не е само избор меѓу листи, туку битка за одговорност и поинаква визија за иднината на Србија.
„Влогот е голем и тежок. Извршен е зол и масивен напад врз Србија, зашто противниците се обидоа да ја уништат според налог однадвор“, изјави Вучиќ на митингот, повикувајќи ги поддржувачите да им подадат рака на неистомислениците, но да не ги заборават обидите за рушење на државата.


