во

ОЈО Велес покрена постапка: Измамник продавал лажни „кубански вакцини“ против рак

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице осомничено за измама и надрилекарство, кое со цел да прибави противправна имотна корист, лажно нудело „кубански вакцини“ против рак, доведувајќи во заблуда повеќе граѓани.

Претреси и прибирање докази

Постапувајќи по оформениот предмет за кривични дела измама (член 247) и надрилекарство (член 209 од КЗ), обвинителството обезбеди наредби за претреси на повеќе локации. При претресот на работното место на осомничениот во Велес, пронајдени се докази кои ќе бидат предмет на детално вештачење. Од лицето се одземени и електронски уреди, а во тек се и други дејствија за проверка на наводите.

Супер Попуст -25%

 

Мерки на претпазливост и хоспитализација

Надлежниот јавен обвинител веќе интензивно врши распити на оштетените граѓани, како и на други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно расветлување на овој скандалозен настан.

„До судот е доставен предлог за определување на мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува во Судот. Лицето во моментов е хоспитализирано во медицинска установа, каде што му е врачено решението за определување на мерките“, соопштија од Основното јавно обвинителство Велес.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Илон Маск со тешки обвинувања: Украинските елити се богатат од странската помош

Трамп најавува нов притисок врз Куба откако ќе се реши ситуацијата со Иран