
Загрозена безбедноста на храната и „зелената вода“
Во своето најново мислење, Комитетот предупредува дека нарушувањата на хидролошкиот циклус ја загрозуваат безбедноста на снабдувањето со храна, економската стабилност и меѓународната безбедност, придонесувајќи за зголемени миграции и конфликти низ светот. Последиците се најистакнати во Африка, Јужна Азија и Латинска Америка.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Посебен акцент се става на опасноста по таканаречената „зелена вода“ – дождовницата складирана во почвата. Оваа вода сочинува околу 60 проценти од слатката вода на копното, а од нејзиниот природен циклус зависи приближно 80 проценти од светското земјоделско земјиште.
Повик за прекугранична соработка и европско финансирање
Бидејќи водата ги преминува државните граници, ЕЕСК ги повика Европската комисија и земјите членки на ЕУ да ја зајакнат прекуграничната соработка. Комитетот предлага водата да добие поголемо место во климатската, земјоделската и енергетската политика, а обновувањето на водните системи да се финансира преку идниот буџет на ЕУ за периодот од 2028 до 2034 година.
„Сушите, поплавите и нарушените екосистеми ги загрозуваат снабдувањето со храна, пристапот до безбедна вода за пиење, работните места и домовите. ЕУ мора да ја искористи својата дипломатска моќ“, порачуваат од ЕЕСК, барајќи поддршка за глобална иницијатива за обновување на хидролошкиот циклус на претстојната Конференција на ОН за води во Обединетите Арапски Емирати.


