
Температури до 26 степени и засилен ветер
Според најавите на синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10 степени, а максималната дневна ќе достигне од 20 до 26 степени.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Во главниот град Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, додека максималната дневна ќе достигне до 23 степени.
Влажен бран во наредните денови
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од денеска па сè до почетокот на следната работна седмица, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Денеска и во четврток наместа ќе има услови за појава на утринска магла.
„Во четврток врнежите ќе бидат проследени и со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, освен во петок кога ветерот ќе биде засилен и ќе ја промени насоката од северозападен правец“, најавуваат метеоролозите.


