во

Бугарија денеска избира претседател: Јотова и Ѓуров во главната трка за шеф на државата

Граѓаните на соседна Бугарија денеска излегуваат на гласање за да изберат нов претседател на државата, во изборна трка во која на гласачкото ливче се наоѓаат дури 27 кандидатски двојки.

Главна битка меѓу Јотова и Ѓуров

Според политичките аналитичари и досегашните очекувања, главната политичка битка за претседателската функција се води помеѓу актуелната претседателка Илијана Јотова и поранешниот технички премиер Андреј Ѓуров, кои се издвојуваат како најсериозни фаворити.

Се очекува втор изборен круг

Супер Попуст -25%

Последните анкети на јавното мислење пред изборниот молк покажаа дека Јотова има голема и сигурна предност пред останатите кандидати во трката.

„И покрај големата предност на актуелната претседателка, поради бројноста на кандидатите и очекуваната излезност, најверојатно нема да има победник во првиот круг. Се очекува да се одржи втор изборен круг во кој ќе се соочат двајцата кандидати кои денеска ќе освојат најмногу гласови“, посочуваат експертите за тамошните политички прилики.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ескалација во Тирана: 13 повредени во жестоките судири меѓу полицијата и демонстрантите

Анкета на „Гранулекс“: ВМРО-ДПМНЕ со 23,7% поддршка, над половина од граѓаните неопределени