
Тајни преговори во кабинетот на Радев
Дебатата брзо прерасна во отворена политичка пресметка кога актуелната потпретседателка Илијана Јотова јавно ги откри деталите од политичките кулоари околу создавањето на францускиот предлог. Таа истакна дека тогашниот министер за надворешни работи постојано го посетувал кабинетот на претседателот Румен Радев, каде што документот се кроел во директна координација со администрацијата на францускиот претседател Емануел Макрон.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Притоа, Јотова упати тешки обвинувања кон поранешниот премиер Кирил Петков, тврдејќи дека тој бил потполно неинформиран за процесот и дека зад грб планирал да отпатува во Скопје со цел да ја разводни цврстата бугарска позиција.
Без отстапки и преточување на интересите во ЕУ политика
Јотова испрати бескомпромисна порака дека Софија во никој случај не смее да отстапи од досегашните услови кон Скопје, тврдејќи дека нема никаков напредок во заштитата на правата на лицата со бугарска самосвест во Македонија.
Од друга страна, нејзиниот противкандидат Андреј Ѓуров застана во цврста одбрана на тогашните потези на владата. Тој нагласи дека главната цел била националните интереси на Софија да се преточат во официјална и задолжителна европска политика. Ѓуров ги отфрли обвинувањата за предавство на националните интереси, истакнувајќи дека барањето за внесување на Бугарите во македонскиот Устав претставува клучна и најважна гаранција за Бугарија.
„Во мое лице гледате човек кој нема да отстапи ниту сантиметар од веќе договореното!“, децидно порача Илијана Јотова за време на дебатата.


