во

Возачи, внимавајте: Од денес е задолжителна зимската опрема во возилата!

Од 15 ноември официјално стапува на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. Оваа обврска важи за сите возачи без оглед на моменталната временска состојба и ќе трае сè до 15 март следната година.

Сообраќајна состојба и предупредувања за одрони

Сообраќајот на државните патишта моментно се одвива непречено, но по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. За оние кои патуваат кон Охрид или Ресен, важно е да знаат дека патниот правец преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) апелираат на исклучителна внимателност, особено при возење низ котлините, речните долини и клисурите, поради зголемен ризик од појава на одрони. Ова предупредување посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Времен режим и градежни активности на патиштата

Покрај задолжителната зимска опрема, возачите треба да бидат внимателни и поради бројните градежни активности кои се одвиваат на повеќе патни правци низ државата. На автопатот А2 (Кичево – Охрид) во делот Пресека – Песочан до клучка Арбиново, се изведуваат работи за санација на левиот коловоз, поради што е воведен времен режим.

Времени режими на сообраќај се воспоставени и на делницата Гостивар – Кичево кај мостот на река Тајмишка, на патниот правец Струга – Дебар (кај браната „Глобочица“), како и на автопатот Гевгелија – ГП Богородица каде сообраќајот е пренасочен да се одвива двонасочно на едната страна. Измени има и на правците Прилеп – Битола (клучка Лагово до Тополчани), Скопје – Блаце, и кај граничниот премин Делчево каде се врши реконструкција.

„АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.“

Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ѓорѓиевски алармира: Запалени контејнери низ Скопје, се бара одговорност и снимки од „Safe City“!

Внимание возачи: Затворена крстосницата на „Скупи“ и „Љубљанска“ поради поставување нови семафори