
Хронологија според ВМРО-ДПМНЕ: Од акции во Битола до кредит во Белград
Според тврдењата изнесени во соопштението на партијата, процесот започнал кога поранешниот министер за финансии, Фатмир Бесими, ја отворил темата за „Алта банка“ на владина седница. ВМРО-ДПМНЕ наведува дека кичевската компанија „АС Сењак“, која ја поврзуваат со сватот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во октомври 2024 година купила значителен пакет акции во тогашната Стопанска банка Битола.
Следната година, во јуни 2025, поврзана компанија добила кредит од пет милиони евра од „Алта банка“ во Белград. Неколку месеци подоцна, според обвинувањата на владејачката партија, истите акции биле продадени на бизнисменот Давор Мацура, со што индиректно му било овозможено да ја преземе банката во Македонија.
Прашања до Филипче и повик за истрага
ВМРО-ДПМНЕ упати директни прашања до СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче, барајќи одговор дали тогашната влада имала сознанија за деловните релации меѓу „Алта банка“ и компанијата поврзана со сватот на Ахмети. Партијата прашува и дали кредитот од пет милиони евра бил директно поврзан со продажбата на акциите и финансирањето на преземањето на банката, како и зошто јавноста не била информирана за потеклото на капиталот.
До овој момент, од страна на СДСМ, ДУИ или лицата кои се директно споменати во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, нема пристигнато никаква официјална реакција ниту демант на овие тврдења.
„Случајот „Алта банка“ е доказ за начинот на владеење на СДС и ДУИ. Државата и граѓаните не им биле важни, туку единствен интерес им биле бизнис-шемите, нетранспарентните зделки и личното богатење.“ — се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден







