
Руските барања ја загрозуваат бугарската сувереност
Во својата најнова објава на Фејсбук, лидерот на „Продолжуваме со промените“, Кирил Петков, истакна дека со новите барања изнесени во Абу Даби, Кремљ повеќе не зборува само за Украина, туку директно ја таргетира и Бугарија. Според него, Москва сака да ја претвори земјата во членка од втор ред на ЕУ и НАТО, со помалку права и послаба заштита, само поради нејзината географска близина.
Тој прецизираше пет клучни руски барања кои ги оцени како „дрскост“: враќање на воената инфраструктура на НАТО на ниво од 1997 година (пред Бугарија да стане членка), Москва да одредува какво оружје чува Бугарија на своја територија, забрана официјална Софија да ја нарекува Русија закана, ограничување на воените вежби во Црното Море, како и целосна забрана бугарските воени фабрики (Казанлак, Сопот, Русе и други) да продаваат оружје на Украина, што директно загрозува илјадници работни места.
Мир без учество на преговарачка маса не е вистински мир
Осврнувајќи се на повиците за мир, Петков беше дециден дека мирот во кој за судбината на Бугарија се одлучува на маса на која таа не е ниту поканета, е апсолутно неприфатлив. Тој нагласи дека воопшто не е важно како општеството гледа на Русија, туку клучното прашање е дали Бугарија е независна држава или обичен пион со кој странските сили ќе си поигруваат.
„Овие барања на Путин се неприфатливи за секој Бугарин кој има грам самодоверба и верува дека иднината на Бугарија се одлучува во Софија. Ниту во Москва, ниту во Абу Даби.“ — порача Кирил Петков.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден






