Со векови кафето е омилен пијалак без кој многумина не можат да си го замислат утрото. Научниците тврдат дека консумирањето кафе во умерени количини има позитивно влијание на здравјето, а забавувањето на процесот на стареење и губењето вишок килограми се само дел од многубројните придобивки.

-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Резултатите од студија во Велика Британија во која учествувале 500.000 испитаници покажува дека кафето го намалува ризикот од прерана смрт. Научниците сметаат дека причината за тоа се повеќе од 10.000 различни хемиски елементи кои кафето ги содржи, а кои ги штитат клетките од оштетување.
Истражување на Харвард покажало дека консумацијата на кафе го намалува ризикот од смрт предизвикана од кардиоваскуларни болести, мозочен удар, дијабетес, невролошки болести и самоубиства. Слични резултати покажа и истражување спроведено во Јужна Кореја.
Друго истражување направено во Англија покажува дека консумирањето кафе ги согорува мастите. Исто така, го забавува стареењето. Ова го покажа студија на Универзитетот Стенфорд.
Истражување на Универзитетот во Торонто покажува дека консумирањето кафе позитивно влијае на здравјето на мозокот и го смалува ризикот од намалени когнитивни функции. И други истражувања покажале бројни придобивки од консумирање кафе, а експерти тврдат дека петтата шолја кафе е моментот во кој кофеинот почнува негативно да влијае на кардиоваскуларното здравје.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден








